You got a guy

  • Chicago's #1 Ticket Source
  • 21 Years in Business
  • A+ Rating with the BBB
  • 200% Guarantee
  • Free, Last Minute Pickup

Dnk Tickets

Dnk Tickets
Dnk Tickets Tickets Rated 0.00/5 based on 0 customer reviews 100 0
Дуото ДНК е оформено во 2001 година, а е составено од Андреја Ѓорѓиески – Андреј роден на 09.02.1982 година во Скопје и Владимир Блажев- Панчо роден 29.07.1979 год исто така во Скопје. Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис. Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура. Поддршката која ДНК секојдневно ја добиват од својата публика им донесе енергија и љубов да го изработат и нивниот втор албум кој излезе во јуни 2010, насловен " Кажано е се". Албумот кој содржи 18 песни го издаде нивната матична куќа "Продукција Република", а продуцент на целиот албум е Врчак. "Кажано е се" доби и свое ексклузивно пакување што беше промовирано и пуштено во продажба во август 2010 година. Во јануари 2011 ДНК одржаа свој концерт во клубот "Колосеум" во Скопје, кој беше најава за големиот концерт што треба да се случи на 24 септември оваа година. Read more on Last.fm. User-contributed text is available under the Creative Commons By-SA License; additional terms may apply.